Апостолоски: Степенот на ризик подигнат на средно кон ниско ниво, граѓаните да се чувствуваат безбедно


Поради војната меѓу Израел и Хамас, според стручните проценки и согласно параметрите, степенот на ризик по безбедноста во земјава е променет од ниско на средно кон ниско ниво.


Граѓаните засега треба да се чувствуваат безбедно, вели Националниот координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризмот Златко Апостолоски.


Апостолоски, посочи дека денеска заседава Советот за безбедност и веројатно ќе бидат донесени одредени заклучоци за тоа што треба да се прави во опшстетсвото во однос на ваквите состојби.

– Апсолутно нивото на безбедносните служби е подигнато на многу повисоко ниво, но тоа не значи дека ние може сега да кажеме дека нивото на закана е на највисоко ниво, изјави Апостолоски, прашан за зголемувањето на нивото на безбедноста во земјите од ЕУ.


За нас, посочува Националниот координатор, не се битни политичките карактеристики на конфликтот, туку фактичката ситуација.

 – Токму од тој аспект и ги градиме превентивните механизми на локално ниво, да ги препознаеме лидерите кои агитираат за одредена страна и кои повторно може да ги доведат во заблуда нашите граѓани, и да ги однесат на некакви боишта каде би војувале за туѓи интереси и цели, вели Апостолоски, на средбата со новинари посветена на новите Национални стратегии – за спречување насилен екстремизам и за борба против тероризам за 2023 – 2027 година, усвоени неодамна од Владата.


Во однос на можноста за регрутација на луѓе од регинов да заминат и да се борат во овој конфликт, тој посочува дека доколку ескалира конфликтот меѓу Израел и Хамас и доколку се вклучат трети страни реално е да се очекува дека и од регионот на Западен Балкан ќе има одредена поддршка, дали на едната или на другата страна.

 -Многу рано да се каже дека постои организирана форма на регрутација на луѓе во земјава кои би заминале во Палестина.


Сега за сега, навистина, освен она што се агитира по социјалните мрежи, некоја поорганиизрана форма на регрутирање во еден или друг правец не е регистрирана, а како ќе биде понатаму зависи од тоа како ќе се одвиваат настаните, вели Апостолоски.

Тој потсетува на војната во Сирија и Ирак и иако тогаш воено се порази Калифатот, идеологијата за Калифатот остана, а можноста за постоење центри каде се шири ваквата идеологија на просторот на Балканот, вели е реална.

   -Кога зборуваме за регрутацијата, тоа во многу нешта зависи од тоа како ќе се одвива расплетот на конфликтот во Газа.

Сведоци сме на директен воен судир меѓу Израел и Хамас, спорадично Хезболах упатува по некоја ракета од Либан на Израелска територија.

Но, се уште таму не ескалирала ситуацијата во регионален контекст. Оценките се дека е можна ескалација на случувањата.

Доколку ескалираат случувањата реално е да очекуваме дека таквите појави ќе се манифестираат и на подрачјето на регионот на Западен Балкан.

Токму од тој аспект ние последните години интензивно развиваме регионална соработка на ниво на регионални координатори на ЗБ и ги разменуваме податоците, разговараме за заканите и за превентивните аспеки кои ги презмемаме за да ја спречиме на регионално ниво ваквата појава, вели меѓу другото Апостолоски.

   Тој посочи дека постои можност за ширење на радикалните идеи во затворите, но дека е направено многу тоа да се спречи и дека постојат посебни процедури и тимови кои внатре го следат овој проблем и работат на рехабилитација и ресоцијализата на овие лица, а целиот процес се мониторира.

-Индивидуални случаи секогаш можеме да најдеме, но вистината е дека процесот на интензивна радикализација во затворите е спречен.

Моментално постои добра координација на безбедносните служби, вклучително и МВР со затворските власти. Тоа успеавме во овие две години да го дигнеме на едно високо ниво да соработуваат.

Во целиот тој систем е вклучено и Мининистерството за труд и социјална политика, односно центрите за социјална работа, кои интензивно работат со затворските власти и безбедносните институции шест месеци, до година време овие затвореници да ги подготват за излегување од затвор, појасни Апостолоски.

Според него, битно е дека и тие повратници – странски террористички борци кои се на слобода и тие кои се на издржување на затворска казна, согласно националниот план за ресоцијализација, рехабилитација и реинтеграција, на локално ниво во девет општини интензивно работат со семјствата, жените и децата на повратниците.

– Дел од тој проект е и НВО секторот – МЦМС и Млади правници, а целта е на тие семјства да им понудат психосоцијална поддршка, материјална поддршка и други поволности ако се вклучат во тој систем на ресоцијализација, рече Апостолоски.

Во тој процес, се опфатени 14 деца кои се сметаат за жртви и веќе се вклучени во системот на образоваие, и пет жени.

Од земјава на странските боишта се смета дека заминале 143 лица, од нив 85 се вратени во земјава, дел самоиницијативно и по различни канали пред да се санкционира кривичното делото, а дел со организиран систем на поврат.

Во програмата за ресоцијализација задолжително се вклучени овие повратници странски борци кои се репатрирани, а тие кои се вратиле самоиницијативно може да се приклучат на Порграмата по нивна слободна волја.

Инаку како што кажа Апостолски, имаат сознанија за уште пет наши државајни кои во момемнтов се активни борци и се наоѓаат на границата на Сирија и Ирак.

Брифингот беше организиран од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Националниот комитет за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам (НКСНЕБТ) за новите Национални стратегии – за спречување насилен екстремизам и за борба против тероризам за 2023 – 2027 година, усвоени неодамна од Владата.

Апостолоски, истакна дека двете национални стратегии реално ги отсликуваат потребите на нашето општество за спречување насилен екстремизам и за борба со тероризмот. вг/аа/Фото: МЦМС    .

Извор: МИА