Анкета: Само 17 отсто од Германците се подготвени да земат оружје за да ја бранат својата земја


Само 17 отсто од Германците се решени да земат оружје за да ја одбранат својата земја во случај на воен напад, покажува нова анкета објавена денеска.


Истражувањето нарачано од неделникот „Штерн“ покажа дека мнозинството Германци не се подготвени да ја бранат својата земја со оружје во потенцијален вооружен конфликт.


Околу 61 отсто од анкетираните рекле дека е „малку веројатно“ или „дефинитивно не“ да се регистрираат и да земат оружје, дури и ако нивната земја била нападната од странска сила.

Деветнаесет отсто рекле дека „најверојатно“ би учествувале во вооружена борба против окупаторски сили.


Бројките се во целосна спротивност со напорите на германската влада да изгради јавна поддршка за поамбициозна агенда за одбранбена политика.

Коалициската влада на канцеларот Олаф Шолц се откажа од претпазливата одбранбена политика по војната на Русија против Украина и објави амбициозен план на набавка за модернизација на своите вооружени сили.


Минатата недела министерот за одбрана Борис Писториус рече дека Германија има „околу пет до осум години“ за повторно да биде „подготвена за војна“ и да може да ги одврати заканите за Европа.

ссм/фото: архива .


Извор: МИА