Breaking News

Ангеловска-Бежоска на „Преспа форум за дијалог“: Потребни се важни структурни реформи за побрзо и поинклузивно зголемување на потенцијалот за раст на…


„Доходот на регионот на Западен Балкан во однос на европскиот просек е само околу 40%, што покажува дека не растеме доволно брзо за да ја намалиме разликата со земјите од ЕУ.


За да растеме побрзо и на поинклузивен начин, мораме да го подигнеме потенцијалот за раст, за што се потребни важни структурни реформи со кои ќе се зголемат инвестициите и физичкиот капитал, човечкиот капитал и продуктивноста.


Ова е потребно особено во време на отежнати глобални макроекономски услови и геоекономска фрагментација“, истакна гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска, обраќајќи се на сесијата „Поплочување на патот кон просперитетот: Екофин-стратегии за раст на Западен Балкан“, којашто се одржа во рамките на „Преспа форум за дијалог“.

.


Извор: МИА