Breaking News

Андоновски: Незаконски вработувања во ЈП „Паркови и зеленило“, Арсовска да ја поништи постапката


Од податоците кои се до сега систематизирани, во моментов се отворени над 2. 800 позиции и работни места.


Тоа е проблематично бидејќи е направено со одлука на Владата, која одлучува дека ќе ги трансформира луѓето кои биле ангажирани на определено време или договор на дело во неопределено, но тоа не го прави со закон, туку го прави на Јавен повик.


Практично има јавни повици на кои аплицираат луѓе кое веќе се знае дека ќе бидат примени, што значи дека ниту еден друг граѓанин нема шанси да учествува во тој компетитивен процес.

Дел од овие постапки се комплетно незаконски и до сега стигнавме до еден сериозен податок, за ова пишуваа и дел од медиумите, но сега веќе имаме и документи.


Ова во интервју за КУРИР го истакна дополнителниот заменик министер во Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА), Стефан Андоновски, кој обзнани документи, најави ревизија, но и одговорност.

.


Извор: МИА