Breaking News

Андонов: Неопходен ни е регионален пристап за користење на ЕУ фондовите за чиста енергија


Забрзана енергетска транзиција е клучен адут за посилен економски раст на регионот, а производството на чиста зелена енергија ќе донесе нови работни места, порача соработникот за енергетика во Владата Виктор Андонов на панел дискусијата „Енергетски систем на Југоисточна Европа – стратегии за надминување на кризата“ во рамки на Белградскиот меѓународен енергетски форум БЕФ 2023.


 Андонов и директорите на ЕСМ Васко Стефанов и на ТЕЦ Неготино Небојша Стојановиќ  беа дел од учесниците на форумот, над 400 експерти од енергетиката од 28 земји, меѓу кои и министри и високи претставници на влади од регионот и од Југоисточна Европа како и претставници на енергетски компании кои дебатираа за енергетската иднина.


-Енергетската криза не научи дека точно таргетираните цели со прецизен план и темпо на реализација носат резултати како што беше изминатава тешка грејна сезона.

Сега ни е потребен план во кој енергетските политики ќе ја покажат трасата на забрзаната енергетска транзиција која е реалност во Северна Македонија.


Во земјава за една година и четири месеци издадени се лиценци за 428 централи за производство на електрична енергија од обновливи извори, односно за 207 MWh инсталирана моќност која е еднаква скоро на производството од еден блок од клучниот енергетски столб РЕК Битила, или со оваа нова инсталирана моќност вклучена на мрежа за една година и четири месеци може да се задоволат на десет градови во нашата земја, рече Андонов, пренесува владината прес-служба.

Стефанов, пак, потенцираше дека во фокусот на работата на ЕСМ се развојните проекти.


-Работниците максимално се заложија, беа мобилизрани и ставени во погон сите човечки капацитети и производствените погони беа вклучени. Струја и парно обезбедивме за цела грејна сезона.

Сега се подготвуваме и фокусираме за новата грејна сеозна. Инвестициите во обновливи извори на енергија е патот од кој нема назад, посочи Стефанов.


Директорот на ТЕЦ Неготино, Стојановиќ рече дека државата стратешки се постави во услови на криза, и после 12 години во вистински момент го вклучи на мрежа ТЕЦ Неготино.

– Многу е важно да се одржува ладната резерва за да може да се вклучи кога е најпотребно, како што беше случајот во енергетската криза.

Сите овие години работевме, погонот да биде подготвен кога ќе биде неопходно, наведе Стојановиќ.

Како што соопшти владината прес-служба, на маргините на Белградскиот енергетски форум, соработникот за енергетика Виктор Андонов оствари кратка средба со министерката за рударство и енергетика на Република Србија, Дубравка Џедовиќ и со директорот на Секретаријатот на Енерегетската заедница, Артур Лорковски, на којашто разговараа за важноста од регионалната соработка, заедничкиот пристап и поддршката од ЕУ за успешна транзиција кон производство на електрична енергија од обновливи извори.

лв/нд/ .

Извор: МИА