АНАЛИЗА: За што најмногу трошеле општините во 2022 – доминираат расходите за плати!


Голем дел од општините во 2022 та потрошиле помалку во однос на планираното а најголем удел на расходната страна имаат платите и придонесите. И ставките за договорни услуги и привремени вработувања не се незначителни. Во второто продолжение на “Анализа“ се опфаќаат расходите на општините за кои објавивме податоци и за приходите, пишува Порталб.мк.


Освен за плати и придонеси, милионски суми и за комунални сметки..


Вкупните расходи на општина Арачиново во 2022 година изнесувале 2 милиони евра. Најголем дел од парите 1,3 милион евра се за плати и придонеси и уште 16 500 евра за надоместоци. Следна поголема ставка се плаќањата за комунални сметки во износ од 142 000 евра а слично толку се потрошени и за “други градежни објекти“. За договорни услуги лани општината исплатила речиси 80 000 евра а за привремени вработувања 52 000 евра.

Расходи 2022 година


Арачиново 2 000 000 евра

Гостивар 18 100 000 евра


Дебар 5 300 000 евра

Кичево 13 000 000 евра


Струга 16 800 000 евра

Тетово 24 700 000 евра

Чаир 13 600 000 евра

Лани општина Гостивар потрошила 18,1 милион евра. На расходната страна највисока трошковна ставка се платите и придонесите во износ од 12,1 милион евра. Следна најголема ставка се “други градежни објекти“ преку која се одлеале 1,3 милион евра додека за привремени вработувања се потрошиле 374 000 евра. За комунални сметки, греење, транспорт исплатени се скоро 1,1 милион евра. По основ на договорни услуги платени се 802 000 евра.

Вкупните расходи на општина Дебар лани биле во износ од скоро 5,3 милион евра. Нешто повеќе од 3,6 милион евра се потрошиле за исплата на плати и придонеси а за привремени вработувања 19 200 евра. Износ од 194 000 евра е исплатен за други градежни објекти додека за комунални сметки и транспорт лани оваа општина платила скоро 380 000 евра. Лани преку ставката “купување возила“ се одлеале 236 100 евра.

Општина Кичево лани потрошила нешто над 13 милиони евра. Најголем удел со 8,4 милион евра имаат платите и придонесите, додека за надоместоци се исплатени уште 122 500 евра. Лани за комунални сметки, транспорт, греење, оваа општина платила повеќе од 1,1 милион евра. По основ на договорни услуги се одлеале 616 000 евра а за други градежни објекти 567 000 евра. Оваа општина преку ставката “купување на возила“ потрошила 48 500 евра. Позначајна ставка во износ од 836 000 евра е “разни трансфери“.

Расходи за плати и придонеси 2022

Арачиново 1 300 000 евра

Гостивар 12 100 000 евра

Дебар 3 600 000 евра

Кичево 8 400 000 евра

Струга 10 200 000 евра

Тетово 16 300 000 евра

Чаир 7 800 000 евра

Општина Струга лани реализирала расходи во износ од 16,8 милион евра. Скоро 10,2 милион евра се потрошени за плати и придонеси и уште 175 600 за надоместоци. Следна поголема ставка се други градежни објекти за што се прикажуваат трошоци во износ од 1,8 милион евра. Оваа општина во 2022 година за комунални сметки, греење, транспорт потрошила скоро 1,4 милион евра а за привремени вработувања 79 500 евра. Преку ставката “разни трансфери“ се одлеале 602 000 евра а за договорни услуги 590 000 евра.

Вкупните буџетски расходи на општина Тетово лани изнесувале 24,7 милион евра. За исплата на плати и придонеси се потрошени 16,3 милион евра и уште 294 000 евра за надоместоци. Следна позначајна ставка се “договорните услуги“ за што се исплатени 1,9 милион евра а за привремени вработувања 251 000 евра. Оваа општина за комунални услуги, транспорт, греење лани платила скоро 1,6 милион евра. Преку ставката “други градежни објекти“ се одлеале 1,1 милион евра.

Општина Чаир лани реализирала расходи во износ од скоро 13,6 милиони евра. Лани за исплата на плати и придонеси се потрошиле 7,8 милион евра и уште 129 000 евра за надоместоци. Износ од 1,5 милион евра е потрошен за комунални услуги, греење, транспорт. За договорни услуги се потрошени скоро 1,1 милион евра а за привремени вработувања 167 000 евра. Преку ставката “разни трансфери“ на расходната страна се одлеале 209 600 евра. Позначаен износ од 941 000 евра е исплатен за поправки и тековно одржување.

Податоците за приходите и расходите се обезбедени од Министерството за финансии, преку завршните сметки за 2022 година на локалните самоуправи.