Breaking News

Американците уништија 10 дронови на бунтовниците Хути во Јемен


Американската војска рано утринава соопшти дека уништила десет беспилотни летала и командна станица на бунтовниците Хути во Јемен.


Беспилотните летала „претставуваа непосредна закана за американските трговски и воени бродови во регионот“, соопшти американската команда за Блискиот Исток (Centcom).


Како што наведе американската команда, акцијата против бунтовниците блиски до Иран била спроведена вчера. сд/фото:МИА архива .

Извор: МИА