Breaking News

Американски воен брод собори проектил лансиран од територија под контрола на Хутите


– Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) соопшти дека бродот „УСС Грејвли“ успешно соборил противбродска крстосувачка ракета лансирана од територијата под контрола на Хутите во Јемен.


Тоа е втор напад на јеменските милитанти врз американски воен брод кој изминатите денови патролира по Црвеното Море.


Како што соопшти американската морнарица, бродот не е оштетен, а во нападот нема повредени лица.

Претходно, Хути соопштија дека неколку проектили биле истрелани кон американскиот брод „УСС Грејвли“ во Црвено Море и дека ќе продолжат со напади врз американските и британските сили, како знак на поддршка за ПалестинцитеЈеменските вооружени сили ја продолжуваат воената операција со блокада на израелските бродови во Црвено и во Арапско Море додека не се постигне прекин на огнот, а храна и лекови не бидат доставени до опколениот палестински народ во Појасот Газа, изјави портпаролот на јеменската бунтовничка група поддржана од Иран.


 ми/фото: МИА архива .

Извор: МИА