Breaking News

Американската војска уништи 80 дронови и шест проектили лансирани од Иран и Јемен


Американските сили, со поддршка од разорувачи на европската команда на американската војска, уништија повеќе од 80 беспилотни летала и најмалку шест балистички ракети насочени кон Израел од Иран и Јемен во саботата и неделата, објави денеска Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ).


Во саботата вечер Иран изврши напад на израелска територија со беспилотни летала и проектили како одмазда за израелскиот напад врз иранскиот конзулат во Сирија на 1 април, во кој беа убиени високи команданти на Револуционерната гарда.


Нападот со повеќе од 300 проектили и беспилотни летала, од кои повеќето лансирани од Иран, предизвика само скромна штета бидејќи најголемиот дел беше соборен од израелскиот систем за противвоздушна одбрана со помош на САД, Велика Британија, Франција и Јордан.

„ЦЕНТКОМ и натаму ја поддржува одбраната на Израел од опасните акции на Иран.


Ќе продолжиме да соработуваме со сите наши регионални партнери за да ја зголемиме регионалната безбедност“, соопшти американската војска. ссм/фото: ЕПА архива .

Извор: МИА