Breaking News

Американската војска соопшти дека соборила беспилотно летало и проектил во Црвеното Море истрелани од хутите, нема повредени


Американската војска синоќа соопшти дека соборила беспилотно летало и балистичка ракета во јужниот дел на Црвеното Море, истрелани од хутите. Тоа е 22 обид за напад  од 19 октомври.


Нема штета или информации за жртви, се вели во пораката на американската централна команда објавена на „Х“ .


Од почетокот на војната во Појасот Газа, бунтовниците хути, поддржани од Иран, кои контролираат големи делови од Јемен, постојано го напаѓаа Израел со беспилотни летала и ракети, јави ДПА.

Од неодамна, тие напаѓаат бродови во Црвеното Море, една од најважните морски патишта за светската трговија што води до Суецкиот канал. зш/ .


Извор: МИА