Breaking News

Амбасадорите на Италија и на БиХ во посета на Собранието


Во посета на Собранието денеска ќе престојуваат италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри и амбасадорот на Босна и Херцеговина Драган Јачимовиќ.


Како што информираат од собраниската прес-служба, италијанскиот амбасадор Силвестри ќе има средба со претседателот на Собранието, Јован Митрески.


Додека, пак, босанскиот амбасадор Јачимовиќ ќе се сретне со пратениците од Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов. фф/са/Фото: МИА Архива    .

Извор: МИА