Breaking News

Алиу на Cамитот за Oтворено владино партнерство: Дигитализацијата ги намалува можностите за корупција


Министерoт за информатичко општество и администрација Азир Алиу кој се наоѓа во официјална посета во Естонија, учествуваше на Светскиот самит за Отворено владино партнерство.


Во рамки на Самитот, министерот Алиу, како што соопшти негоивот Кабинет, учествуваше на тркалезната маса „Поддршка на лидерството и катализирање на глобалната акција против корупцијата“.


-Технологијата е исклучително моќна алатка во борбата против корупцијата. Развојот на платформи и апликации значително помага во подобрувањето на транспарентноста на владините процеси.

Корупцијата не познава граници, затоа е неопходна меѓународна соработка. Одлуките и активностите преземени на глобално ниво можат да имаат големо влијание во борбата против корупцијата, рече Алиу.


мч/са/ .

Извор: МИА