Breaking News

Албанската опозиција на 20 февруари на протест под слоганот „Или денеска или никогаш“


– Под слоганот „Или денеска, или никогаш“, објавен од пратеникот Газмент Барди, побројното крило на опозициската Демократска партија (ДП) ќе одржи протест на плоштадот „Народни херои“ во Тирана.


При тоа ги повика граѓаните на масовно присуство на протестот најавен за 20 февруари (вторник) во 17:30 часот.


– Почитувани граѓани, на 20 февруари излезете за да бидете господари на себе си, вашето семејство и на Албанија, се наведува во апелот дополнет со список на 20 причини зошто треба да протестираат, меѓу кои „високата корупција на Владата, ниските плати и пензии, уништениот образовниот систем, миграцијата“…Протестот го поддржаа Партијата на слободата и Републиканската партија.

– Партијата на слободата ќе биде на секој граѓански или политички протест за одбрана на демократијата и правата во државата. На 20 февруари ќе бидеме на плоштад.


Мора да се стави крај на неконтролираната и шизофрена корупција, изјави Илир Мета, лидер на партијата на слободата и поранешен претседател на Албанија.

Учество на протестот потврди и Републиканската партија, чиј лидер Фатмир Медиу, порачувајќи дека „протестот е на граѓаните, а не на монополот на политиката“, додаде дека секоја поделба на опозицијата е во служба на владејачката левица.


вт/ми/фото: ДП .

Извор: МИА