Breaking News

Албанија: Конфидустрија тврди дека неприродното јакнење на лекот во однос на еврото предизвикало штета од 100 милиони евра


– Албанската Конфиндустрија преку сопштение за јавноста ја изрази својата загриженост за силниот пад на вредноста на еврото во однос на домашната валута-лекот.


Според Конфиндустрија во првата недела од месецов со еврото се тргувало под 101 лек, што претставува „највисоко слабеење на еврото во однос на лекот, брзо приближувајќи се до најниското историско ниво од 99-100 леки постигнато на врвот на годнешната туристичката сезона“.


-Туристичките показатели во ноември 2023 година се целосно ирелевантни да влијаат на зајакнувањето на лекот.

Неприродното јакнење на лекот имаше директно влијание, што албанскиот извоз опадна за речиси 30 отсто во 2023 година, а производствените сектори имаат загуби кои одат и до 100 милиони евра годишно, се вели во соопштението.


Албанската Конфиндустрија која ги обединува најголемите албански компании, и претходно, во што беше поддржана и од експертите од областа на економијата оцени дека врз падот на вредноста на еврото силно влијание има илегалниот внес на големи износи на средства.

Причина е и ноемврската одлука на Централна банка на Албанија за зголемување од 0,25 отсто на основната каматна стапка и предупредувањето за натамошни очекувани зголемувања. вт/ссм/ .


Извор: МИА