Breaking News

Академијата за роботика и иновации во Еразмус+  едукативен проект за одржливи модели на исхрана


Академијата за роботика и иновации соопшти дека во рамки на образовната ЕУ-програма Еразмус+ учествува во проект „Одржливи алтернативи потребни за иднината” во партнерство со училишта од Финска, Италија, Малта, Грција и Романија.


-Проектот на кој ќе работиме здружено со нашите партнери ќе се реализира во текот на две години.


Целта е преку проектните активности да се обезбеди едукација за одржливи модели на исхрана, да се промовира и да се зголеми свеста за идните навики во исхраната преку обезбедување знаења, алатки и ресурси кои им помагаат на луѓето, да се истакне влијанието на навиките во исхраната врз животната средина и здравјето и да се користат дигитални алатки за поддршка на промената на однесувањето кон одржливи диети, како што е апликација со одржливи рецепти, што претставува и една од главните задача на нашата Академија, се наведува во соопштението.

 Академијата посочува дека е составна од млади професионалци чија цел е да го претстават концептот на иновациите во едукативниот процес, а како резултат од конкретниот проект очекува промовирање одржливи системи за храна преку работилници, изложби, работни книги и кампањи се одржлива иднина што води до помалку глад, помалку фрлање храна и почиста животна средина.


-Очекуваме и зголемена свест за придобивките од одржливите диети, вклучително и намалувањето на влијанието врз животната средина од производството на храна, поддршка на локалните земјоделци и подобрување на здравствените резултати.

Тоа ќе води промена во однесувањето во ставовите за хранење преку рецепти во апликацијата која ќе ја подготви нашата Академија.


Активностите континуирано се одвиваат, а првиот состанок се одржа во нашата земја, на почетокот на ноември, информира Академијата за роботика и иновации.

Организирана е и работилница за одржливо готвење, со што им е овозможено на 13 наставници од сите земји учеснички да ги усовршат своите компетенции и вештини и да научат повеќе за македонската храна и традиција.


хс/вј/ Фото: Академија за роботика и иновации .

Извор: МИА