Breaking News

Ајатолах Хамнеи: Не е можно да се испратат ирански доброволци во Газа


Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи на средба со ирански студенти изјави дека не е можно да се испратат доброволци од Иран во Газа.


– Бидете сигурни, ако беше можно да се испратат млади луѓе во Палестина, тоа ќе беше направено уште пред да го изговорите тоа“, одговори Хамнеи на прашање од еден од студентите.


Иранските лидери, вклучително и Хамнеи, најавија одговор на бомбардирање на иранскиот конзулат во Дамаск, во кој загинаа командантот на Револуционерната гарда во Сирија и Либан, Мохамад Реза Захеди и неговиот заменик, како и пет офицери кои ги придружуваа.

Иран го обвини Израел за нападот, но изралексите власти негираат вмешаност. ссм/фото: архива .


Извор: МИА