Агенцијата за пошти ќе ја презентира состојбата на поштенскиот пазар


– Агенцијата за пошти денеска на јавен состанок ќе ја презентира состојбата на поштенскиот пазар во државава и ќе ја запознае јавноста со тековните активности, плановите и програмите за делување во идниот период.


На јавниот состанок воведно излагање и рекапитулација на активностите на Агенцијата за пошти за 2023 година ќе има директорката Билјана Аврамоска Ѓореска, а ќе бидат презентирани и анализа на пазарот на поштенските услуги за прво полугодие од годинава и планови и идни проекти.


ар/лв/Фото: Агенција за пошти .

Извор: МИА