Breaking News

Агелер со судии од Одделот за организиран криминал и корупција на Кривичниот суд во Скопје го одбележа Меѓународниот ден на жените судии


Американската амбасадорка Анџела Агелер им се придружи на судиите од Одделот за организиран криминал и корупција на Кривичниот суд во Скопје за да го одбележат Меѓународниот ден на жените судии, објави Амбасадата на САД во Скопје на официјалниот фејсбук профил.


– Тие разговараа за важноста на истрајноста наспроти предизвиците и како почитувањето на владеењето на правото ги прави САД и Северна Македонија посилни, стои во објавата на ФБ на Амбасадата на САД во Скопје.


цр/лв/Фото: Фејсбук на Амбасадата на САД во Скопје .

Извор: МИА