Breaking News

Агелер: САД се посилни затоа што имаат сојузници, пријатели и партнери како Северна Македонија


И најсилните демократии не успеваат сами. Кога сме обединети сме посилни.


САД се посилни и поблагородни затоа што имаме сојузници, пријатели и партнери како Северна Македонија, порача меѓу другото вчера американската амбасадорка Анџела Агелер на прославата на 248 години од американската независност во Амбасадата во Скопје.


Во својот говор пред присутните, таа изјави дека и е чест да ги претставува САД во земјава и говореше за промените со кои се соочува светот, изборите што годинава се одржуваат во над 90 држави, за демократијата и потребата од нејзина заштита.

– Генерално, изборите се базираат на различни мислења, приоритети и индивидуални цели.


Може да бидат тешки, но кога ќе завршат, императив е да се вратиме на она што еден од нашите најголеми претседател Абрахам Линколн го нарече „подобрите ангели на нашата природа“.

Повторно да се обединиме како народ и да работиме за доброто на граѓаните. Ова важи овде како што ќе се применува во САД во ноември.


Затоа, ви честитам Вам и на вашата Влада и  на сите што го правите ова, односно се потпирате на добрите ангели, рече Агелер.

Осврнувајќи се на демократијата и нејзиното значење, амбасадорката ја цитираше добитничката на Нобеловата награда за мир Марија Реса, која порача дека демократијата е кревка, дека треба да се бориме за секој нејзин дел, за секој закон, за секоја заштита, за секоја институција, за секоја сторија.


– Мора да знаете колку е опасно да го претрпите дури и најмалото ускратување. И денеска нејзините зборови имаат поголемо значење од кога и да е. Секаде околу нас гледаме свет кој се менува.

Повеќе гласачи од кога било во историјата имаат право да гласаат во 2024 година во над 90 земји и во ЕУ, дури и во време кога војни и конфликти погодуваат милиони низ целиот свет.

Сега се потсетив дека најсилните демократии не успеваат сами. Кога сме обединети сме посилни.

САД се посилни и поблагородни затоа што имаме сојузници, пријатели и партнери како Северна Македонија, рече Агелер во обраќањето пред присутните на церемонијата.

Агелер денеска се огласи на платформата Икс, нагласувајќи дека имала прекрасна прослава на 248 годишнината од американската независност со партнери и пријатели.

 Had a wonderful evening celebrating 248 years of American independence with partners and friends in Skopje tonight.

Strong democracies are fortified by friends, Allies, and committed partners like North Macedonia. 🇺🇸🤝🇲🇰 #July4th pic. twitter.

com/0UGGGjRtnC
— Ambassador Angela Aggeler (@USAmbNMacedonia) July 2, 2024-Имав прекрасна вечерна прослава на 248 години од американската независност со партнери и пријатели вечерва во Скопје.

Силните демократии се зајакнати од пријатели, сојузници и посветени партнери како Северна Македонија, напиша на социјалната мрежа X, амбасадорката Агелер. ац/бак/Фото: Принтскрин .

Извор: МИА