Breaking News

Аеродромот во данскиот град Билунд евакуиран по дојава за поставена бомба


Аеродромот во данскиот град Билунд денеска е евакуиран по дојава за поставена бомба и еден маж е уапсен, соопшти данската полиција. Летовите на аеродромот се прекинати.


На веб-страницата на аеродромот се наведени неколку откажани летови кои требаше да се реализираат попладнево – до Амстердам, Франкфурт и Барселона.


Полицијата се обидува да утврди дали има поврзаност меѓу дојавата за поставена бомба и експлозијата на банкомат во Билунд изутрината. Аеродромот Билунд е вториот по големина аеродром во Данска.

Се наоѓа во близина на седиштето на компанијата „Лего“ и паркот „Леголенд“. рп/Фото: МИА архива .


Извор: МИА