Breaking News

Адвокатската комора организира отворен ден за граѓаните по повод Европскиот ден на правдата


Адвокатската комора на Република Северна Македонија (АКРСМ) денеска од 10 до 13 часот организира отворен ден за граѓаните, по повод Европскиот ден на правдата, 25 Октомври.


На овие средби, како што соопштуваат оттаму, што ќе се одржат во просториите на Комората лоцирани на ул. „Руди Чајевац“, бр. 1, лок.


15 во Скопје, граѓаните преку разговор со адвокати ќе можат да се информираат за своите права.

Европскиот ден на правдата секоја година се одбележува во сите држави во Европа со организирање на отворени денови во различни институции, организирање конференции. . .


Целта за одбележување на Европскиот ден на правдата е правдата и нејзиното спроведување да се доближи до граѓаните и истовремено тие да бидат запознаени со нивните права.

Исто така, на овој ден граѓаните се запознаваат со функционирање на системот на правосудството во поширока смисла, додаваат од Адвокатската комора.


Иницијативата за одбележување на овој ден потекнува од Европската комисија и од Советот на Европа кои широко го поддржуваат организирањето на активностите во сите европски држави.

нд/лв/фото:МИА архива .


Извор: МИА