Breaking News

АД ЕСМ подготвено за тендерот на ЕВН Хоум, цената на струјата што е понудена ќе се знае по завршување на тендерската постапка


– Премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска потврдија дека АД ЕСМ е подготвено за учество на тендерот што го распиша универзалниот снабдувач ЕВН Хоум од кој најмногу зависи цената на електричната енергија што ќе ја плаќаат корисниците на регулираниот пазар во наредните шест месеци, почнувајќи од 1 јули.


-ЕСМ е подготвено како што беше подготвено и цела 2023 година во текот на грејната сезона, како и во 2022 година да се појави на тендерот на ЕВН Хоум, а која цена ќе ја понуди ќе мора да прашате во ЕСМ, рече Ковачевски во одговор на прашање при денешната посета на фабриката АД „Европа“ во Скопје.


Вицепремиерот Битиќи појасни дека цената што ќе ја понуди АД ЕСМ на тендерот се дефинира на затворена седница на Влада и додаде дека заради тоа не може да ја изнесат во јавноста.

-Има причина зошто се носи цената на затворана седница. За два дена завршува тендерската постапка во ЕВН и сите ќе знаеме која е цената што ќе биде понудена од ЕСМ, рече Битиќи.


За враќањето на дневната евтина тарифа порача дека Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) треба да каже кога може да се аплицира.

-Се уште како Влада стоиме на ставот дека треба да се врати евтината дневна тарифа. РКЕ треба да каже кога е тоа можно да се аплицира, потенцира Битиќи. вј/ац/Фото: МИА .


Извор: МИА