Breaking News

АД ЕСМ и ЕБРД ќе соработуваат за иневстиции во обновливи извори на енергија


Генералниот директор на АД ЕСМ Васко Стефанов заедно со дел од раководството одржаа состанок со високи претставници од Европската банка за обнова и развој.


АД ЕСМ соопшти дека на состанокот се разговараше за тековните проекти кои се реализираат од областа на обновливите извори, при што како особено позитивен сигнал беше издвоено пуштањето во производство на првата фотонапонска електрана во кругот на РЕК Осломеј-Кичево, финансирана во еден дел со поволна кредитна линија од ЕБРД и за другите проекти кои се во тек на реализација, пред сè, фотонапонска електрана Осломеј 2 од 10 MW, фотонапонска електрана Битола 1 од 20 MW како и можноста за финансирање и реализација на проекти за подобрување на хидрологијата која е од големо значење, особено во услови на криза.


Истакната е и важноста на транзицијата кон зелена енергија низ земјите од Европа, особено во земјите од западен Балкан кои се зависни од фосилни горива.

АД ЕСМ е со фокус кон изградба на нови сончеви електрани и целокупната поддршка која континуирано ја добива од партнерите како енергетска компанија ориентирана кон инвестиции во обновливи извори и спроведување на енергетската транзиција е од особено значење, се неведува во соопштението од компанијата.


.

Извор: МИА