Breaking News

Абас разговараше со Блинкен: Поради неправдата кон Палестинците, конфликтот со Израел прерасна во експлозија


Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска во телефонски разговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека „неправдата кон Палестинците предизвика конфликтот со Израел да се претвори во експлозија“, јави палестинската агенција ВАФА.


Во телефонскиот разговор, Абас, исто така, кажа дека актуелната ескалација на долготрајниот судир е резултат на „праксата на колонијалистите и израелските окупациски сили и агресијата врз исламските и христијанските свети места“, јавија британските медиуми.


Блинкен претходно разговараше со израелскиот претседател Исак Херцог и шефот на изрелската дипломатија Ели Коен за мерките за зајакнување на безбедноста на еврејската држава, се наведува во соопштението на Стејт департментот.

„Секретарот ја истакна непоколебливата поддршка на САД на правото на Израел да се брани“, се наведува во соопштението на Стејт департментот. сд/фото:МИА архива .


Извор: МИА