Работен состанок во Стопанската комора за состојбите во градежништвото


Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески денеска ќе одржи работна средба со членките на Здружението за градежништво, индустријата на градежни материјали и неметалите, на тема „Состојби во градежништвото“.


На средбата, како што информираат од Комората,  ќе се разменат информации за досегашните активности преземени во рамки на здружението и детално ќе биде разгледана тековната состојба во градежништвото, со фокус на клучните предизвици, проблеми и можности кои го дефинираат овој сектор во моментов.


Дополнително, ќе се дискутира и за идните чекори и стратегии кои се потребни за понатамошен развој и подобрување на градежништвото, со цел да се создадат поволни услови за раст и унапредување на оваа важна индустрија.

вј/вг/Фото: МИА архива .


Извор: МИА