Breaking News

Русија на 11 април ќе изврши ново пробно лансирање на тешката ракета-носач „Ангара-А5“


Уште еден обид за пробно лансирање на тешката ракета-носач „Ангара-А5“ од космодромот Восточни на рускиот Далечен Исток е закажан за 11 април, изјави денеска генералниот директор на Државната вселенска корпорација Роскосмос, Јуриј Борисов.


Вчерашниот обид за лансирање беше неуспешен поради дефект на системот за надополнување на резервоарот со оксидатор на централната единица и пробното лансирање беше автоматски откажано две минути пред лансирањето, пренесоа руските медиуми.


Денешното лансирање, планирано да биде изведено во 9 часот по московско време, е одложено. рп/Фото: ЕПА .

Извор: МИА