Во Велес синоќа во 21:30 часот полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода велешанецот Х. Б.
(48), кој бил баран од Казнено – поправната установа Затвор Идризово – Отворено одделение Велес поради бегство од установата, соопштија денеска од МВР.
– Имено, околу 19:30 часот од установата било пријавено дека Х. Б. не се вратил во установата и по преземени мерки, после два часа, тој бил пронајден и лишен од слобода.
При преглед кај него биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и пари. Исто така, неговата 43 – годишна сопруга пријавила дека околу 20.
00 часот, додека бил во домот, физички ја нападнал, се појаснува во соопштението.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
цр/дма/Фото: МИА архива .
Извор: МИА