Breaking News

Најмалку три деца ранети во пукањето во училиштето во Финска


Најмалку три деца се повредени во инцидентот во основно училиште во финскиот град Вантаа, северно од главниот град Хелсинки, соопшти полицијата, пренесе ДПА Осомничениот за нападот е приведен и се дознава дека е малолетник.


Пукање се случило во училиште во областа Виертола, во градот Вантаа, соопшти финската полиција. „Полицијата е на лице место и врши увид.


Се замолуваат граѓаните да бидат подалеку од областа и во затворен простор. Вратите не треба да се отвораат за странци“, се наведува во полициското соопштение. Ванта има околу 250.

000 жители и е дел од пошироката област Хелсинки.  Финскиот јавен радиодифузен сервис Иле известува дека во училиштето работат околу 90 лица. сд/   .


Извор: МИА