Во организација на Прогрес Институтот за социјална демократија денеска во Скопје ќе се одржи панел дискусија посветена на говорот на омраза врз жените во политиката, како и на достигнувањата на жените во борбата за еднаквост.
Настанот ќе го отвори извршниот директор на Прогрес Институт Сашо Додовски, а дискусијата, како што е најавено, ќе ја водат министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска, поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска и пратеничката во Собранието Санела Шкријељ.
-Во месецот на жената, организираме панел дискусија на која ќе дадеме акцент на говорот на омраза врз жените во политиката, а воедно и да дадеме признание на сите достигнувања на жените во борбата за еднаквост, како и да ги посочиме сите останати предизвици со кои мора да се соочиме заедно во иднина, наведуваат од Прогрес Институтот.
вг/мд/Фото: МИА Архива .
Извор: МИА