Breaking News

ЕУ обезбеди пакет помош за Египет во вредност од 7,3 милијарди евра


Европската унија денеска соопшти дека обезбедила пакет помош од осум милијарди долари (7,3 милијарди евра) за Египет.


Предвидено е потпишувањето на пакетот помош да биде за време на посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и лидерите на Белгија, Италија, Австрија, Кипар и Грција, се вели во соопштението на египетските државни претставници.


Пакетот за помош вклучува грантови и заеми за следните три години за најнаселената земја во арапскиот свет, според наводите на Мисијата на Европската унија во Каиро. рп/Фото: МИА архива .

Извор: МИА