Breaking News

Тимот на Навални соопшти за протести во некои делови на Русија за време на претседателските избори


Тимот на покојниот руски опозициски лидер Алексеј Навални соопшти за протести во Русија на денешниот последен ден од претседателските избори во земјата против очекуваниот реизбор на Владимир Путин за шеф на државата, јави ДПА.


Во источните руски градови како Владивосток, Новосибирск, Омск, Иркутск, луѓето учествуваа во кампањата „На пладне против Путин“, како што тимот на Навални покажува на преноси во живо на Јутјуб.


На гласачките места во Екатеринбург на Урал се наредени стотици луѓе.

Другите противници на Путин, како што е прогонетиот бизнисмен Михаил Ходорковски, кој живее во Велика Британија, ги повикаа луѓето да не се плашат и да учествуваат во кампањата.


Првите изборни резултати се очекуваат по затворањето на последните избирачки места во западен Калининград во 19 часот по локално време. рп/Фото: ЕПА .

Извор: МИА