Breaking News

Опозициските лидери во Сенегал беа ослободени од затвор пред изборите


Сенегалскиот опозициски лидер Усман Сонко и предложениот од него кандидат за претседател на изборите во земјата на 24 март, Басиру Диомаје Фаје, вчера беа ослободени од затвор, јавија светските агенции повикувајќи се на информации објавени на веб-страницата на државната телевизија РТС.


Ослободувањето на двајцата водечки опозициски фигури се очекувало по законот за амнестија одобрен од сенегалскиот Парламент на 6 март.


Кандидатурата на Фаје, според светските агенции, е причина за сериозна загриженост за конкурентите бидејќи ужива солидна поддршка кај гласачите.

Поранешните членови на партијата на Сонко „Пастеф“, која беше подложена на репресија од страна на властите, а потоа и распуштена, формираа коалиција заедно со своите соработници од другите партии, кои го предложија Фаје за свој кандидат.


рп/Фото: МИА архива .

Извор: МИА