Breaking News

Зеленски денеска во посета на Турција


Украинскиот претседател Володомир Зеленски денеска ќе отпатува во официјална посета на Турција.


За време на посетата детално ќе се разговара за текот на конфликтот меѓу Украина и Русија, најновата ситуација во контактите во врска со продолжувањето на Договорот за коридорот за извоз на жито и потрагата по постојан мир во регионот, соопшти Дирекцијата за комуникации на турскиот претседател.


Најавено е и дека турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган со својот украински колега ќе разговара за односите меѓу Турција и Украина. ссм/фото: архива .

Извор: МИА