Путин тврди дека Русија не планира да распореди нуклеарно оружје во вселената


Рускиот претседател Владимир Путин денеска пред Советот за безбедност на Руската Федерација рече дека Москва не планира да распоредува нуклеарно оружје во вселената и дека неутрализирањето на заканите во вселенското пространство треба веднаш да биде во центарот на нивното внимание, јавија руските медиуми.


Неименувани американски извори велат дека Русија развива вселенско антисателитско нуклеарно оружје, и покрај тоа што Путин рекол дека се противи на нуклеарното оружје во вселената.


Кремљ категорично ги отфрла тврдењата на Вашингтон. рп/Фото: МИА архива .

Извор: МИА