Breaking News

Папата Франциск повика на прекин на граѓанската војна во Судан


Папата Франциск денеска ги повика завојуваните фракции во Судан да го прекинат 10-месечниот конфликт кој доведе до раселување на милиони луѓе и ги зголеми стравувањата од глад.


„Повторно апелирам до завојуваните земји да ја прекинат оваа војна што предизвикува толку голема штета на луѓето и иднината на земјата.


Да се ​​молиме наскоро да се најдат начини за постигнување мир за иднината на Судан“, рече папата Франциск во неделното обраќање.

Дипломатските напори досега не успеаја да стават крај на граѓанската војна во Судан, која ги спротивставува вооружените сили на земјата против паравоените Сили за брза поддршка (РСФ).


Во своето традиционално неделно обраќање, папата ги спомена и конфликтите во Мозамбик, Украина, Израел и палестинските територии.

„Секаде каде има борби, населението е исцрпено, луѓето се уморни од војната, која секогаш е бескорисна, без резултат и ќе донесе само смрт и уништување и никогаш нема да доведе до решение на проблемот“, рече папата Франциск.


рп/Фото: МИА архива .

Извор: МИА