Breaking News

Намалена видливост поради магла на Страцин


Намалена видливост до 100 метри поради појава на магла има на Страцин, соопшти јавното претпријатие „Македонија пат“.


 Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива тековно во зимски услови, по претежно влажни коловози.


По усеците и клисурите можна е појава на поситни одрони кои, како што велат од ЈП „Македонија пат“, редовно се чистат.

Апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодување на брзината кон условите на патот.


Дежурните екипи, посочуваат, се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. цр/бак/Фото: МИА архива .

Извор: МИА