Во средното стручно училиште „Гошо Викентиев“ во Кочани денеска ќе се отвори новиот тренинг центар за PLC програмирање.
Настанот е организиран од СОУ „Гошо Викентиев“ во Кочани и „Амфенол Технолоџи Македонија“ во соработка со активностите на УСАИД Партнерства за економски раст и Млади кои создаваат можности.
На отворањето, како што најавија организаторите, ќе присуствуваат претставници од приватниот и образовниот сектор од регионот, а меѓу гостите ќе бидат директорот на „Амфенол Технолоџи Македонија“, Сашко Наков, директорот на СОУ „Гошо Викентиев“, Владо Симеонов, градоначалникот на општина Кочани, Љупчо Папазов, како и в.
д. директорот на канцеларијата на УСАИД за економски развој, Кристофер Доџ. – Американскиот народ преку УСАИД има инвестирано над 840 милиони долари во земјава од 1993 година досега.
УСАИД е водечка меѓународна агенција за развој во светот и двигател кој води до развојни постигнувања.
Работата на УСАИД ја унапредува националната безбедност и економскиот просперитет на САД, ја отсликува американската великодушност и на земјите со кои соработува им помага на патот до самостоен и стабилен развој, се наведува во соопштението од организаторите на настанот.
цр/лв/фото: МИА архива .
Извор: МИА