Breaking News

Четворица јапонски министри поднесоа оставки поради скандалот со собирање средства


Четворица министри во јапонската влада денеска поднесоа оставки поради скандал со собирање средства во кој е вмешана најмоќната фракција на владејачката партија.


По информациите дека повеќе од 500 милиони јапонски јени, односно 3,1 милиони евра исчезнале од партиските фондови во период од пет години, од 2019 до 2022 година, главниот секретар на кабинетот и портпарол на Владата, Хироказу Мацуно поднесе оставка.


Се смета за десна рака на Кишида.

Оставки поднесоа и министерот за економија и индустрија Јасутоши Нишимура, министерот за внатрешни работи Џунји Сузуки и министерот за земјоделство Ичиро Мијашита, а се очекува до крајот на денот да биде објавено кој ќе ги замени.


мс/фото: МИА архива .

Извор: МИА