Breaking News

Првите сослушувања за импичмент на Бајден ќе се одржат идната недела


Републиканските членови на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес ги најавија за идната недела првите сослушувања за ипмпичмент на претседателот Џо Бајден, а поврзано со бизнис активности на неговото семејство.


 Се очекува сослушувањата кои ќе започнат на 28 септември да бидат посветени на „уставни законски прашања“ поврзани со тврдењата за вклученост на Бајден во странскиот бизнис на неговиот син Хантер Бајден.


 За ова синоќа соопшти претставникот на комитетот за надзор во Претставничкиот дом кој ќе претседателствува со сослушувањата.

Комитетот планира да ги разгледа личните и деловните финансиски и банкарски документи на синот на Бајден.


 Усилбите на републиканските конгресмени во врска со ова Белата куќа ги нарече „екстремна политика од најлош вид“.

 Минатата недела специјалниот обвинител Дејвид Вајс поднесе тужба против Хантер Бајден. Обвинтелниот акт е од три точки а се однесува на незаконско  поседување на огнострелно оружје.


Ова е прв пат во историјата на САД да се поведе кривична постапка против деца на актуелен шеф на држава. кб/рп/   .

Извор: МИА