Нападнати двајца малолетници во Куманово


Две лица со тврд предмет синоќа во 23. 45 часот нападнале малолетник од Куманово. Од малолетничка, која била со него, одзеле мобилен телефон, соопшти МВР.  Случајот бил пријавен утрово, во 1.


00 часот, во Полициската станица Куманово. Нападот бил извршен на местото викано Споменик-костурница. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. мд/фф/Фото: МИА архива .


Извор: МИА