Breaking News

Ердоган се надева дека договорот за извоз на украинско жито ќе биде продолжен


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изрази оптимизам во однос на договорот за извоз на украинско жито, посочувајќи дека тој и рускиот претседател Владимир Путин се на иста страна кога станува збор за продолжување на тој договор.


Договорот за извоз на жито од украинските пристаништа на Црното Море истекува во понеделник и Ердоган се надева дека ќе биде продолжен по 17 јули.


„Се подготвуваме да бидеме домаќини на претседателот Путин (кој треба да ја посети Турција во август).

Путин и јас се согласуваме за продолжување на тој договор за извоз на жито преку Црното Море“, рече Ердоган.


Минатата година договорот овозможи извоз на речиси 33 милиони тони жито од украинските пристаништа на Црното Море. паг/Фото: МИА архива  .

Извор: МИА