Breaking News

Град Скопје објави Јавен повик за субвенционирање за замена на азбестните покриви за социјални случаи


Град Скопје објави Јавен повик за доделување на поединечна субвенција на социјално загрозени категории граѓани, жители на градот Скопје, за замена на азбестните покриви со енергетско ефикасни покриви за 2023 година, информираат од локалната самоуправа.


Средствата што Град Скопје ги субвенционира се во висина од најмногу 50 отсто од вредноста на инвестицијата.


– Право на учество на Јавниот повик имаат социјално загрозени категории на граѓани, жители на градот Скопје, кои ќе ги заменат азбестните покриви со енергетско ефикасни покриви, ги исполнуваат условите од Јавниот повик и ја доставиле потребната документација, известуваат од Град Скопје.

За надоместување на дел од трошоците и докажување дека условите за учество на Јавниот повик се исполнети, барателот е должен да поднесе пополнето барање, доказ дека припаѓа на една од социјално загрозените категории, нотарски заверена изјава, имотен лист, фотографија од постоечкиот азбестен покрив, договор со изведувач за замена на покривот, како и копија од трансакциска сметка.


Јавниот повик со сите услови и критериуми за аплицирање за субвенцијата, како и сите потребни документи кои треба да се достават со пријавата се достапни на линкот – https://skopje. gov.

mk/media/9809/javen-povik-zamena-azbestni-krovovi-2023.


pdfПотребната документација, барателите ја поднесуваат до Комисијата преку Архивата  на Град Скопје (барака 16) во затворен плик со назнака: До Сектор за заштита на животната средина– Комисија  за доделување на субвенции за замена на азбестните покриви, секој работен ден од понеделник до петок, во период од 08:30 – 15:00 часот.

Јавниот повик ќе трае од денот на објавување до 31 август 2023 година или до исцрпување на средства предвидени за таа намена. ир/црФото: Принтскрин .


Извор: МИА