Кошњак-Камиш: Мобилизацијата на Украинциите е задача на Украина, а не на Полска


Мобилизацијата на украинските мажи кои побарале засолниште од војната во странство е задача на украинската држава, изјави денеска полскиот министер за одбрана, Владислав Кошњак-Камиш.


-Секако, знам што предизвикува прашања, а понекогаш и фрустрација во Полска, во јавноста, меѓу Полјаците, кога гледаат млади Украинци, млади мажи на возраст на воена обврска како се шетаат по трговски центри, хотели, кога има итна потреба, а потребата е итна, да се пријават на украинската армија новите регрути да можат да ги испратат да ја бранат Украина“, рече Кошњак-Камиш денеска во Варшава.


Полскиот министер за одбрана кажа дека за тоа неколку пати разговарал со претставници на украинските власти.

-Полска е подготвена да помогне, но процесот на регрутирање е процес што го водат украинските власти, рече полскиот министер. Меѓу околу 900.


000 украински бегалци во Полска, голема огорченост предизвика одлуката на официјален Киев во иднина на мажите кои се предмет на воена служба издавањето на личните документи да се одвива само во Украина, а веќе не во конзулатите во странство.

„Секако дека  е тоа стапица што ја постави владата. Во прашање е Законот за мобилизација што стапува на сила во мај.


Нашите политичари сметаат на фактот дека луѓето без валидни документи ќе мора да се вратат во својата татковина или да бидат депортирани.

Мажите знаат дека ако вратат во Украина за документи, дека нема да им биде дозволено да се вратат, изјави за полскиот портал „Виртуелна Полска“ една Украинка, која им помага на бегалците во контакт со полските власти.


Полските власти, меѓутоа, не ги депортираат бегалците кои немаат валидни документи бидејќи се предмет на посебна заштита, тие се во режим на привремено засолниште кога имаат автоматски пристап до пазарот на трудот, образованието и здравствениот систем и добиваат полски матичен број и привремен азил.

сд/фото: МИА архива .

Извор: МИА