Breaking News

Екстремно десничарскиот блок освои 33 отсто од гласовите во првиот круг од изборите во Франција, соопшти француското МВР


Екстремно десничарската партија Национален собир на Франција и нејзините сојузници освоија 33 отсто од гласовите во првиот круг од парламентарните избори, соопшти Министерството за внатрешни работи.


Левичарскиот „Нов народен фронт“ е втор со 28 проценти. Центристичкиот блок на францускиот претседател Емануел Макрон достигна 20 отсто од гласовите, соопшти Министерството за внатрешни работи.


рп/Фото: МИА архива .

Извор: МИА