Breaking News

ЗВУКОТ НА СКОПЈЕ ќе се одржи на 15 септември


Дали сте подготвени за уште едно издание на фестивалот „Звукот на Скопје”? Датумот е 15 септември 2023, а локациите, исто како и минатата година, се Плоштадот „Мајка Тереза” (платото пред МОБ), паркот Ибни Пајко, Кулпарк (пред КИЦ) и Продажен салон КИЦ.


Веќе знаете дека „Звукот на Скопје” во организација на Културно информартивен центар – Скопје, значи нов, летен, open air фестивал, кој прераснува во ново скопско музичко жариште. Простор каде на голема сцена ќе може да се видат и етаблирани, но и нови групи кој сѐ уште ја бараат довербата од публиката. Минатата година ја видовме незаменливата КОНСТРАКТА, а за оваа година исто така имаме подготвено возбудлива програма и за најпрефинетите музички вкусови!


Програма:

???? СЦЕНА Плоштад Мајка Тереза (пред МОБ), 20 h
– Фолтин
– Natalee (РС)
– Siz
– KEM


???? СЦЕНА Парк Ибни Пајко, 21 h
– Dimish
– Zanadu
– Стој, После!

???? Кулпарк летно кино (пред КИЦ), 20 h


– ПРИМО ДА КРУЗ (Документарен филм)
режија: Алексис Зеленски
времетраење: 89 минути

– Снежана на крајот умира (Игран филм)
режија: Кристијан Ристески
глумци: Наташа Петровикќ, Сашко Коцев, Ивица Димитријевиќ, Тино Костадиновски
времетраење: 106 минути


???? Продажен салон КИЦ, 19 h
– „Скопје под лупа” изложба на фотографии од Јована Савевска

Фестивалот е финансиран од Град Скопје и е дел од проектот „Скопје – кандидат за Европска престолнина на културата 2028″.