Breaking News

Зошто се тактизира со извештајот за избор на универзален снабдувач?


По десетина дена молк околу одржаната аукција за избор на универзален снабдувач со електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи, конечно одговор за процесот на постапката.


Откако „А1он“ објави информација која никоја официјално не ја демантираше, дека ЕВН Хоум повторно е избран за универзален снабдувач, дури денеска од Владата со одговор. Оттаму велат дека извештајот од Комисијата ќе биде разгледан на наредната владина седница, без да откриваат повеќе информации за текот на постапката.


„Во врска со Вашето прашање коешто е предмет на интерес, Ви посочуваме дека Владата на Република Северна Македонија на наредна седница треба да го разгледа и усвои извештајот од Комисијата за спроведување на постапка за избор на универзален снабдувач по што јавноста веднаш ќе биде известена“, се вели во одговорот во владината прес служба, пишува А1.ом.

Владината прес служба и недела дена по неофицијалните информации дека аукцијата за избор на универзален снабдувач е спроведена и дека на неа победила ЕВН Хоум не открива детали за постапката и аукцијата, која што наместо јавно, се спроведе речиси во тајност, а дел од компаниите кои аплицираат на повикот не добиле никаква информација за нејзиното одржување.


Тактизирањето на Владата со извештајот оправдано ги потхранува сомневањата дека изборот на универзален снабдувач има во најмала рака спорни елементи или станува збор за политичка одлука која треба да се соопшти во безбеден тајминг земено имајќи предвид дека сме среде предизборна кампања.

Познавачите коментираат дека оваа постапката сериозно отстапува во пристапот во споредба со претходната постапка спроведена пред пет години.


За целиот текст ТУКА