Breaking News

Зголемување на каматните стапки на банките и штедилниците


Според соопштението на НБРМ за движењата на каматните стапки во јули 2023, забележано е месечно зголемување на просечната каматна стапка на вкупните депозити, при што во јули таа изнесува 1,50%.  Просечната каматна стапка  на вкупните кредити исто така бележи раст и изнесува 5,49%.


Во јули 2023 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 5,49%, што претставува месечен и годишен раст од 0,37 п.п. и 1,16 п.п., соодветно. Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 1,50% и е зголемена за 0,10 п.п. на месечна основа, при годишен раст од 0,83 п.п.


Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити , овој месец, забележа месечен и годишен раст од 0,31 п.п. и 1,56 п.п., соодветно и изнесува 5,57%. Просечната каматна стапка на новопримените депозити изнесува 2,21% и е намалена за 0,49 п.п. на месечна основа, додека на годишна основа бележи зголемување за 1,37 п.п.

 


Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно тука :

https://www.nbrm.mk/content/statistika/Soopstenija/%D0%9AS/2023/Soopstenie_za_pecat_kamatni_stapki_2023_juli_mk.pdf.