Breaking News

Зголемена наплата на приходи, една од придобивките од проектот на УСАИД во Македонска Каменица


Зголемена наплата на приходи од сопствени извори, подобри организациските капацитети за администрирање на локалните даноци и ажурирање на базата на податоци за данокот на имот, се само некои од резултатите од проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите, реализиран изминатите 18 месеци во Општина Македонска Каменица.


Општината информира дека е една од првите која е дел од проектот во чии рамки е постигнат значаен напредок во повеќе области.


Како што соопшти, во рамки на проектот е усвоена и Процедура за поделба на должностите во процесот на трошење на буџетските расходи.

-Во таа насока бележиме подобрена активна транспарентност, зголемен е индексот на буџетска транспарентност, а зголемена е и даночната транспарентност. Како дел од овој процес подготвен и објавен е Граѓански буџет, а подобрени се и капацитетите за подготовка на проектни апликации, информираа од Општината.


Општина Македонска Каменица, како што беше најавено, ќе продолжи да се модернизира и да ги применува најсовремените практики, со што ќе се создаде брза и ефикасна локална администрација, согласно потребите на граѓаните. вс/мч/