Breaking News

Зајакнување на прилагодливоста и растот на микро, малите и средните претпријатија


Денес, 5 јули 2023 година во Скопје, Консалтинг за стратешки развој во рамките на проектот на УСАИД „Активност за јакнење на деловниот екосистем“ додели грантови на деловни здруженија и ги презентираше наодите од анализата за влијанието на кризите врз развојот на претпријатијата.


Шесте организации кои добија грантови за имплементирање активности за  услуги согласно потребите на микро, малите и средни претпријатија и брз одговор кон кризите се: Асоцијација за е-трговија на Македонија, Макам-транс, Стартап Македонија, Солар Македонија, Центар за климатски промени, Стопанска комора на Северозападна Македонија.


Претставничката на Канцеларијата на УСАИД, Џери Дајбл ја нагласи важноста на препознавањето на економскиот потенцијал на земјава: „Економскиот просперитет на Северна Македонија е клучен приоритет за Соединетите Американски Држави (САД). Земјата економски многу ветува и искористувањето на потенцијалот би ги задржало талентираните млади луѓе во државата, би обезбедило решенија на некои од најголемите глобални предизвици кои се основаат на потребите на пазарот, и истовремено би придонело кон зголемување на можностите за инвестирање од страна на САД.“

Министерот за економија укажа на важноста на соработката меѓу повеќе чинители во насока на градењето систем на поддршка на микро, малите и средните претпријатија и ја повтори заложбата на Министерството економија: „ имајќи го предвид значењето на микро, малите и средните претпријатија  и на  претприемништвото како двигатели на економијата, министерството презема разни мерки и активности за финансиска и нефинансиска поддршка со цел унапредување и подобрување на конкурентоста на претпријатијата преку поддршка за имплементирање на стандардите за квалитет, за набавка на нова и модерна опрема, како и за јакнење на институционалната инфраструктура за поддршка на ММСП, претприемништвото и занетчиството.“


Проектот „Активност за јакнење на деловниот екосистем кој се спроведува во периодот меѓу 2022-2026 има цел да придонесе кон подобрувањето на продуктивноста, растот и конкурентноста на микро, малите и средните претпријатија и нивното прилагодување на кризните економски состојби преку подобрени услуги на деловните здруженија во Северна Македонија.

Повеќе информации за проектот ќе најдете на: https://bit.ly/3PLPM6S