Времен сообраќаен режим на улицата „ Александар Урдаревски“


Поради изведба на градежни активности за асфалтирање на коловозот на улицата „Александар Урдаревски“ во општина Бутел, на потегот од крстосницата со улица „Боца Иванова“ до населеното место Кучевишка Бара денеска ќе биде воспоставен времен сообраќаен режим.


Како што информира ЈП „Улици и патишта“ – Скопје, времениот режим ќе биде обележан со соодветна сигнализација.


Асфалтирањето се одвиваше вчера, од 8 часот наутро до 14 часот попладне во едната насока, а денеска ќе биде во истиот временски период, на другата спротивна насока.

ЈП „Улици и патишта“ – Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот. мд/лв/


Скопје, 8 април 2023 (МИА)